Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 ноќеска на полноќ поскапуваат за денар, а за половина денар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 81 денар за литар, 83 денари ќе чини литар ЕУРОСУПЕР БС-98, 74 денари ќе биде новата цена на литар дизел, а 73 денари на екстра лесното.
Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 1,14 проценти.