Министерството за здравство соопшти дека Владата на денешната седница ја разгледа и ја усвои Информација за состојбата во хируршките клиники при Универзитетски Клинички центар „Мајка Тереза“ Скопје во врска со проблемот со компресорската станица, како и за досега превземените активности и мерки со цел негово надминување при што донесен е заклучок за замена на опремата на централната компресорска станица со нова опрема, и за дислокација на станицата.
-Се укажува, јавните установи од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи, универзитетски клиники, завод и Ургентен центар Скопје да спроведе замена на опремата на централната компресорска станица со нова опрема, како и замена на инсталацијата и дислокација на централната компресорска станица. Се укажува, јавните установи од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи, универзитетски клиники, завод и ургентен центар Скопје во рок од една недела да достави до Владата оперативен план за спроведување на активностите – стои во заклучоците од седницата.
Пред три дена, во понеделникот заменик министерката д-р Манолева донесе и наредба универзитетските клиники кои се сместени во зградата на хируршки клиники во Клиничкиот центар операционите сали да отпочнат со работа со користење на надворешни компресори и дополнително со садови со компримиран воздух. Министерството за здравство ќе укаже до клиниките да набават надворешни компресори со цел функционирање на установите со итен и елективен програм, стои во соопштението од Министерството за здравство.