Новата подобрена стриминг-услуга „Maкс“ е достапна во Европа со најдобрите „Варнер брос“. На едно место ќе може да се најдат дискавери-содржини.
„Maкс“ нуди двојно повеќе содржини во однос на „Ејч-би-о макс“, почнувајќи од хит-филмот „Дина: Втор дел“ и квалификации на Ролан Гарос во живо.
Подобрената стриминг-услуга официјално е достапна во 20 земји во Средна и Источна Европа, Скандинавија и Пиринејскиот Полуостров. Целиот список на земји ги вклучува Андора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Данска, Финска, Унгарија, Молдавија, Црна Гора, Македонија, Норвешка, Португалија, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија и Шведска.
Лансирањето на „Макс“ е означено со враќање на долгоочекуваната серија „Куќата на змејот“, чија премиера е закажана за 17 јуни. Наслови што се достапни од првиот ден се: „Дина: Втор дел“, „Барби“, „Вонка“ и филмовите со Хари Потер. Премиум-сериите ги вклучуваат „Д ласт оф ас“, „Белиот лотос“, „Еуфорија“, „Вистински детектив: Ноќна земја“, „Симпатизер“, „Лери Дејвид“, како и втората сезона на серијата „Куќата на змејот“, чија премиера ќе биде на 17 јуни на „Maкс“. Исто така, ќе бидат достапни и култни наслови како „Пријатели“, како и омилените дискавери-серии на обожавателите, како „Деведесет дена до венчавка“, „Златна треска“ и „Голи и уплашени“.
Стриминг-услугата ги спојува неизбежните програми на „Ејч-би-о макс“, атрактивните содржини на Дискавери од вистинскиот живот и врвната спортска акција на Еуроспорт за да создаде комплетно искуство на гледање за сите генерации. На сите пазари во Европа тоа ќе биде единствено место за пренос во живо на сите моменти, секој медал, секој спортист и секој тим на претстојните Олимписки игри Париз 2024 и со тоа обожавателите може да бидат сигурни дека нема да пропуштат ниту еден момент спортска акција. Париз 2024 е вклучен во сите пакети и на тој начин корисниците ќе може да уживаат во комплетен пристап до најголемиот спортски настан на светот.
– Ова е значајна пресвртница во глобализацијата на „Maкс“. Имаме богата историја на испорачување популарни содржини за гледачите во Европа. Токму тие моќни извори на содржини нè издвојуваат и гледачите може да очекуваат „Maкс“ што овозможува најдобри содржини, без оглед на расположението или поводот. Со оглед на тоа што лансирањето на повеќе од половина од пазарите допрва ќе следува, ова е само почеток на следното поглавје за „Варнер брос дискавери“ – изјави ЏБ Перет, претседател и извршен директор на „Глобал стриминг енд гејмс“ во „Варнер брос дискавери“.
За почеток, претплатниците може да избираат помеѓу два основни пакета на претплата и спортски додаток. Без оглед дали се работи за стандарден пакет што на корисниците им овозможува гледање офлајн со 30 преземања или премиум-пакет за врвно искуство на гледање до 100 преземања.
– Без оглед дали се работи за нашите блокбастер-филмови, ТВ-драми што не се пропуштаат, забавни емисии или возбудливи спортски содржини, „Maкс“ овозможува врвно искуство на гледање во Европа. Нашата нова и унапредена апликација нуди подобрена персонализација, која го олеснува и забрзува гледањето на вашите омилени емисии – додава Герхард Цајлер, претседател на „Интернешнал“ во „Варнер брос дискавери“.
„Maкс“ е достапен на водечки уреди и платформи, на паметни телевизори, преку стриминг-уреди, играчки конзоли, мобилни телефони и таблети, како и онлајн на Max.com. „Maкс“ е исто така достапен преку одбрани ТВ и интернет-дистрибутери во поединечни земји. Корисниците може да плаќаат преку големи провајдери на услуги (Visa, Mastercard и PayPal) и со купување преку апликација во главните продавници (Apple App Store, Google Play Store и Samsung Checkout).
На 11 јуни стриминг-услугата ќе почне во Франција, Полска, а ќе почне и подобрена верзија во Холандија и од 1 јули и во Белгија. До јули ќе биде достапна во 25 земји во Европа и во 65 земји и територии во светот. „Maкс“ ќе пристигне во клучните земји на Југоисточна Азија подоцна оваа година.