Са­кам да упа­там бла­го­дар­ност до ОФМ, го­ле­ма чест е да се нас­ле­ди и да се ра­бо­ти со Ми­лен­ко­ски ка­ко на­ше нај­го­ле­мо тре­нер­ско име. Се на­де­вам де­ка со до­бро здрав­је и со до­бра ра­бо­та ќе ја ис­пол­ни­ме цел­та, ве­ли На­ков­ски

По­ра­неш­ни­от ма­ке­дон­ски ре­пре­зен­та­ти­вец и интер­на­ци­о­на­лец Ха­ри На­ков­ски е нов се­ле­ктор на ма­ке­дон­ска­та ма­шка ре­пре­зен­та­ци­ја. Во пресрет на Европ­ска­та злат­на ли­га и квалификаци­и­те за Европ­ско­то пр­венс­тво (ЕП) во 2026 го­ди­наОд­бој­кар­ска­та фе­де­ра­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја (ОФМ) ре­ши На­ков­ски да ја пре­зе­ме уло­га­та на Јо­шко Ми­лен­ко­ски, кој ла­ни ја предво­де­ше Ма­ке­до­ни­ја до нај­го­ле­ми­от ус­пех, ос­ми­на­фи­на­ле­то на ЕП 2023.

– Са­кам да упа­там бла­го­дар­ност до ОФМ, го­ле­ма чест е да се нас­ле­ди и да се ра­бо­ти со Јо­шко ка­ко на­ше нај­го­ле­мо тре­нер­ско име. Се на­де­вам де­ка со до­бро здрав­је и со до­бра ра­бо­та ќе ја ис­пол­ни­ме цел­та – ре­че На­ков­ски, кој во ми­на­та­та го­ди­на му бе­ше аси­стент на Милен­ко­ски.
 
Свој ко­мен­тар да­де и до­се­гаш­ни­от се­ле­ктор Ми­лен­ко­ски.
– Оваа са­ла, овој хо­тел, ова ме­сто бу­ди го­ле­ми спо­ме­ни, ту­ка ги ко­вав­ме на­ши­те резулта­ти на пос­лед­но­то ЕП. Тоа бе­ше нај­у­ба­ви­от дел од мо­ја­та тре­нер­ска ка­ри­е­ра и се­га ве­ќе мо­жам сло­бод­но да раз­мис­лу­вам за тре­нер­ска пен­зи­ја. Ме­не ми е вре­ме полека да се пов­ле­ку­вам, а со го­ле­мо за­до­волс­тво му ја пре­да­вам пал­ка­та на Ха­ри, тренер што ни по­мог­на ме­не ка­ко се­ле­ктор и на си­те игра­чи да го да­де­ме нај­до­бро­то. Ве­ру­вам де­ка Ха­ри со сво­и­те по­мош­ни­ци и со мо­ја по­мош, се­га од еден друг агол во насо­ка на ло­ги­сти­ка, со­вет, под­др­шка…, ќе би­де ус­пе­шен, а јас на тој на­чин ќе би­дам дел од на­ши­от сле­ден ус­пех – ве­ли Ми­лен­ко­ски.
Ма­ке­дон­ски­те од­бој­ка­ри ќе се со­бе­рат на 2 мај, ќе тре­ни­ра­ат во Стру­ми­ца до 8 мај, кога ќе от­па­ту­ва­ат на при­ја­тел­ски ду­е­ли со Ро­ма­ни­ја. По­тоа ќе се вра­тат во са­ла­та „Парк“ и ќе тре­ни­ра­ат до по­че­то­кот на Европ­ска­та злат­на ли­га на 17-ти, од­нос­но со први­от тур­нир на кој Ма­ке­до­ни­ја ќе би­де до­ма­ќин на Че­шка и на Есто­ни­ја. След­ни­те два се во Бел­ги­ја и во Хр­ват­ска. Во август се два од че­ти­ри­те нат­пре­ва­ри во квалификациите за ЕП 2026. Ак­цен­тот ќе би­де ста­вен ток­му на нив, за­тоа што пре­ку Гру­зи­ја и Гр­ци­ја, Ма­ке­до­ни­ја ќе ба­ра шан­са за че­твр­ти кон­ти­нен­та­лен со­бир по ред, беше ре­че­но меѓу другото на де­неш­на­та прес-кон­фе­рен­ци­ја на ОФМ.
– За раз­ли­ка од ла­ни, во со­ста­вот не­ма да би­де Але­ксан­дар Ља­фтов, кој по­ба­ра од­мор и ќе се прик­лу­чи во ју­ли, ко­га ќе поч­нат под­го­то­вки­те за ква­ли­фи­ка­ци­и­те. Фи­лип Деспотов­ски се пен­зи­о­ни­ра, а но­ви игра­чи се Ми­хај­ло Ми­рас­чи­ев од Штип УГД и Кристијан Или­ев од Стру­ми­ца 47/72. Во струч­ни­от штаб но­во име е аси­стен­тот Кри­сти­јан Ри­сте­ски, а ска­у­тот Пав­ле Ма­тиќ и кон­ди­ци­ски­от тре­нер Го­ран Пан­ко­виќ ра­бо­теа и ла­ни – ве­ли На­ков­ски.
Ге­не­рал­ни­от се­кре­тар на ОФМ, Зо­ран Ка­ра­но­виќ, да­де свое мис­ле­ње за акту­ел­ни­те проме­ни во ре­пре­зен­та­ци­ја­та.
– Овој тим со ме­не и со Јо­шко трг­на во фор­ми­ра­ње на ре­пре­зен­та­ци­ја­та од 1992 година, со по­кој­ни­от Ди­ми­тар Ци­ев ка­ко се­ле­ктор, а со Ми­лен­ко­ски ка­ко асистент. Од тоа вре­ме член на ИО по­сто­ја­но е Иви­ца Ха­џи­и­љо­ски, а се­гаш­ни­от селектор Ха­ри На­ков­ски бе­ше дел од ре­пре­зен­та­ци­ја­та што игра­ше на пр­ви­те квалификации. И тоа е од­ли­чен кон­ти­ну­и­тет со кој те­шко мо­же да се по­фа­ли не­ко­ја фе­де­ра­ци­ја. Не­ма да би­де лес­но, но со спло­те­ност се на­де­вам де­ка ќе ус­пе­е­ме да се пла­си­ра­ме на след­но­то ЕП – ве­ли Ка­ра­но­виќ.  
Со­став на ма­ке­дон­ската ре­пре­зен­та­ци­ја

ТЕХНИЧАРИ: Ѓор­ѓи Ѓор­ѓи­ев (Бур­са, Тур­ци­ја), Да­вид Сто­ја­нов (Фу­жи­нар, Сло­ве­ни­ја), КОРЕКТОРИ: Ни­ко­ла Ѓор­ѓи­ев (АЦХ Љуб­ља­на, Сло­ве­ни­ја), Стој­че Ар­сов (Ра­бот­нички 71/22), Кри­сти­јан Или­ев (Стру­ми­ца 47/72). ПРИМАЧИ: Вла­до Ми­лев (Стру­ми­ца 47/72), Лу­ка Ко­стиќ (Риб­ни­ца, Ср­би­ја), Сто­јан Или­ев (Ана­ге­ни­сис, Ки­пар), То­ше Ефре­мов (Весна Про­би­штип). СРЕДНИ БЛОКЕРИ: Фи­лип Ма­џун­ков (Ха­сро­де, Бел­ги­ја), Фи­лип Савов­ски (Вој­во­ди­на, Ср­би­ја), Фи­лип Ле­пи­дов­ски (Та­ко­во, Ср­би­ја), Ми­хај­ло Ми­рас­чи­ев (Штип УГД). ЛИБЕРА: Дар­ко Ан­ге­лов­ски (Ра­бот­нич­ки 71/22), Ко­ста­дин Рич­ли­ев (Штип УГД).

Рас­по­ред на ме­че­ви во Европ­ска­та злат­на ли­га

17 мај, Стру­ми­ца, 20.15 ч. Есто­ни­ја – Ма­ке­до­ни­ја

19 мај, Стру­ми­ца, 20.15 ч. Ма­ке­до­ни­ја – Че­шка

25 мај, Бе­ве­рен, 17.30 ч. Ма­ке­до­ни­ја – Азер­беј­џан

26 мај, Бе­ве­рен, 15 ч. Бел­ги­ја – Ма­ке­до­ни­ја

31 мај, Оси­ек, 19 ч. Ма­ке­до­ни­ја – Хр­ват­ска

ју­ни, Оси­ек, 19 ч. Шпа­ни­ја – Ма­ке­до­ни­ја