Центарот на Скопје, поточно улицата „Македонија“ вечерва е отворена сцена на живи улични статуи, кои по повод светскиот ден на уметноста се дел од вториот фестивал на улична уметност „Центарски улици“.
Задачата на уличните артисти е на духовит начин да го отсликаат она што најмногу го допира општеството: човековата смеа и бес, мудрост и глупост, зрелост и лудост, емпатичност и суета, моќ и немоќ, љубов и омраза!