Две лица се приведени во врска со убиството на лекарот во скопската населба Железара, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
– Се врши претрес на одредена локација. Имаме осомничени луѓе за убиството, има одредени материјални траги кои не водат до овие осомничени. Две лица се приведени и се надевам дека во најкратко можно време ќе можеме да излеземе со детали за овој дел од истражните дејствија – изјави Тошковски, во готување во поткастот „Претрес“.
Тој посочи дека се преземени 20 истражи дејствија и дека се прегледани над 50 камери и видео записи. Според првичните наоди, мотивот за убиството не е поврзан со професијата на убиениот.
Шеесет и седумгодишен лекар минатата недела беше пронајден избоден до смрт во неговиот автомобил паркиран на паркингот пред поликлиниката „Железара“.
Лекарот имал приватна ординација во оваа поликлиника.