Американската компанија „Спејс екс“ денеска изврши испитно лансирање на ракетниот систем „Старшип – супер хеви“ (Starship – Super Heavy). Ова беше трето испитно лансирање на најголема ракета во светот дизајнирана за повеќекратна употреба. Таа беше лансирана во вселената од испитниот космодром „Старбејс“ во Бока Чика, во американската сојузна држава Тексас.
Целта на испитувањето на прототипот на ракетниот систем за освојување на длабоката вселена е по еден час летање во орбитата „Старшип“ да се приводни во Индискиот Океан. Сепак, оваа фаза заврши неуспешно откако се изгуби контакт со вселенскиот брод и тој најверојатно изгоре во атмосферата над Индискиот Океан.
Следна етапа ќе бидат посложени испитувања со што ракетата ќе треба да се подготви за мисиите на НАСА за транспорт на американски астронаути на Месечината.
Во поширока смисла, проектот „Старшип“ е инструмент за реализација на формативната мисија на компанијата „Спејс екс“ – испраќање човек на планетата Марс.
Последното испитн лансирање беше направено во ноември кога ракетата експлодираше по две минути летање.