Денес го одбележуваме Меѓународниот ден на жената, односно борбата за економска, политичка и социјална рамноправност. Жените го менуваат светот на многу начини, од кршење на бариерите во полиња во кои традиционално доминираат мажи, до застапување за родова еднаквост и социјална правда.
Придонесот на жените во политиката, науката, бизнисот и во други области помага во оформување поинклузивно и поразновидно општество, а влијанието што го имаат на глобално ниво е секогаш инспиративно. Нивните различни перспективи и иновативни идеи влијаат врз целокупната иднина, а благодарение на силата, мудроста и емпатијата, жените можат да бидат успешни во многу различни полиња. Секоја жена на свој начин има импакт врз средината во која живее и работи, а со тоа и врз целото општество. Храбра, истрајна, паметна, амбициозна и своја, ги поместува границите и ги менува работите кон подобро, градејќи поубав свет за сите.
Шпаркасе Банка во чест на Меѓународниот ден на жената, испраќа силна и моќна порака со која ја потврдува заложбата за верност, препознавање и славење на непроценливиот придонес на жената во обликувањето на денешниот свет.
Шпаркасе Банка месецот март ѝ го посветува на жената, бидејќи ја препознава незаменливата улога што ја игра во заедницата, бизнисот и во општеството во
целина.
На овој ден, Шпаркасе Банка преку платформата Sparkasse Life ја започнува општествено одговорната кампања против насилство врз жените со донирање на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство во рамките на интервентниот женски фонд, демонстрирајќи ја посветеноста во борбата против родовото насилство и промовирање безбедност и благосостојба на жените.
Со споделување на ова видео на вашите профили на социјалните медиуми, секој од вас учествува во донацијата во интервентниот женски фонд и во подигнување на свеста и борбата против насилство врз жените.
Шпаркасе Банка ја поддржува мисијата на Мрежата за координирано дејствување на граѓанските организации кон унапредување на политиките и на практиките во борбата против насилството врз жените и семејното насилство, како и признавање и унапредување на човековите права на жените во Северна Македонија.
Биди дел од таа промена затоа што заедно можеме да создадеме посветла иднина за сите!
#ШпаркасеБанка
#SparkasseLife
Комерцијална објава