Претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов, поднесе иницијатива до Уставниот суд, за поништување на автентичното толкување на член еден од Законот за амнестија, со кое се запре постапката за четирите хашки случаи: „Водството на ОНА“, „Липковско Езеро“,„Гробница непроштено“ и „Мавровски работници“.
По автентичното толкување, се запре постапката за четирите хашки предмети: „Се ослободуваат од гонење, се запираат кривичните постапки и потполно се ослободуваат од извршување на казната затвор лица за кои постои основано сомнение дека подготвиле или сториле кривични дела поврзани со конфликтот во 2001 година.“
Ова толкување, велат од Демократскиот сојуз, е спротивно на Уставот и Кривичниот законик, како и Женевските конвенции, со кои е дефинирано дека злосторствата против цивилите не застаруваат.
– Уставниот суд треба да ја прифати иницијативата и да донесе одлука за отстранување на правните пречки за продолжување на постапката по четирите хашки случаи – вели Трајанов.
Како што додаде, без силна и цврста осуда за злострорствата од минатото не може да градиме мирна и демократска иднина.