Во ЛШ наградниот фонд треба да биде 2,46 милијарди евра, во ЛЕ 565 милиони, а во КЛ 285 милиони евра

ФУДБАЛ

Европската фудбалска унија (УЕФА) најави дека ќе одреди најмалку 2,46 милијарди евра како награден фонд за клубовите што ќе играат во Лигата на шампионите (ЛШ) во следната сезона, кога таа ќе се прошири на 36 екипи, објави агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП).
Вкупниот награден фонд е околу две милијарди евра во секоја сезона од 2021 година. Во моментов, победникот во Лигата на шампионите може да очекува да заработи околу 130 милиони евра од Европската фудбалска унија, пишува АП.
Европската фудбалска унија соопшти дека ќе одвои најмалку 4,4 милијарди евра проектирани приходи за сите свои машки клупски натпреварувања во следната сезона. Се вели дека 440 милиони евра, 10 отсто од вкупната сума, ќе бидат поделени меѓу клубовите елиминирани во квалификациските рунди на европските натпреварувања или оние во највисоките домашни лиги што не се квалификувале за натпреварите на Европската фудбалска унија, пишува АП.
Наградниот фонд на Лига Европа (ЛЕ) е најмалку 565 милиони евра, а Конференциската лига (КЛ) ќе има 285 милиони евра. Н.М.