Крводарителите во Кичеволани собраа вкупно 1.173 крвни единици, што е за 130 повеќе од лани. Сепак, тоа е помалку од планираните единици крв што треба да се обезбедат.
-Во текот на 2023 година Општинската организација на Црвениот крст Кичево собра вкупно 1173 крвни единици што е за 130 единици повеќе од лани, но е за 20 проценти помало од планираната бројка. Овие крвни единици се собрани со реализирани 15 акции во општината, како и доброволни дарувања во Центарот за трансфузиона медицина во Кичево. Во годината која штотуку започна планирано е да се соберат 1.460 единици на крв. Дали ќе се исполни оваа бројка ќе зависи од многу фактори. Традиционално најмногу единици на крв собираме во акциите реализирани со АРМ – истакна Јане Кочоски одговорен за крводарителство во ОО на Црвен крст Кичево.
Инаку во оваа општина рекордот со најмногу крводарувања го има Горанчо Аризанкоски кој дури во 120 наврати даруваше од својата драгоцена течност, но се пожали на инертноста и кон крводарителите и се надева дека во наредниот период ќе има повеќе слух за овие. З.А.