Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто на денешната средба со австрискиот колега Александар Шаленберг во Виена истакна дека Унгарија ќе го искористи претседавањето со Европска Унија за да го забрза процесот на проширување со земјите од Западен Балкан.
Сијарто истакна дека на ЕУ и се потребни нова енергија, нова инспирација, нова амбиција а тоа може да го донесат земјите од Западен Балкан.
– Мислам дека земјите од Западен Балкан и се попотребни на ЕУ, отколку што ним им е потребно членство во ЕУ. Затоа сметаме дека треба да се забрза процесот на проширување на ЕУ. Сакаме да го искористиме времето на претседавање со ЕУ, така што дека голем број земји од Западен Балкан отвораат што е можно повеќе поглавја во преговарачкиот процес за членство – посочи Сијарто.
Тој и Шаленберг разговараа и за илегалната миграција и соработката во енергетскиот сектор.