Нега и убавина
Новиот тренд што ги полуде жените низ светот, вклучувајќи ги и познатите дами, наложува миење на лицето со вода со мраз. Познатата манекенка Кејт Мос се колне на овој метод и секое утро се мие со студена вода, со што постигнува ефект на лифтинг, ги намалува отокот, порите и ситните брчки, а исто така добро се буди.
На овој начин за своето лице се грижи и актерката Џенифер Анистон. Како што открила во едно интервју, таа полни сад со вода и лед и го прска лицето околу 20 пати.
За оние за кои миењето со толку ладна вода е премногу, експертите за убавина и нега на кожата советуваат одлична замена. Можете да завиткате коцка мраз во памучна крпа и нежно да поминувате со неа преку лицето. Исто така, оваа техника е одлична за намалување на мозолчињата.
– Ладното помага да се исцеди вишокот течност од лимфниот систем, што исто така помага да се намали отокот на лицето – вели естетичарката Лори Скаро, додавајќи дека лимфната дренажа со користење мраз го намалува отокот под очите.
Според неа, користењето мраз под очите може да помогне да се ослободи акумулацијата на течности, да се исушат токсините и да се предизвика ефект на затегнување. Исто така, советува никогаш да не ставате мраз директно на лицето бидејќи може да ја иритирате кожата.
– Пожелно е еднаш неделно да се прави масажа со мраз. Тоа е привремен начин да го освежите лицето. И не заборавајте, мразот нема да ги избрише сите неправилности, затоа треба да си обезбедите повеќе сон, вода и добра храна – вели Скаро.