Автор: Д-р Макфирет Селмани, дерматолог
Розацеа е хронично воспалително заболување на кожата, која погодува милиони луѓе ширум светот, и тоа повеќе со светла боја на кожата. Се јавува по 30. до 50. година од животот. Се појавува ненадејно како лесно вцрвенување на лицето и со понатамошно повторување и појава на други симптоми болеста зазема друга форма. Пациентите се вознемирени, бидејќи може да се појават и мозолчиња. Многумина ги мешат со акне вулгарис (но за разлика од акне вуллгарис, кај розацеа не се забележуваат отворени и затворени комедони).
Како изгледа лицето на еден човек со розацеа
Црвенило, мали мозолчиња со или без гној, видливи крвни садови, сува кожа, чуство на печење, чешање и оток на делови од лицето. Зависно од тоа во кој стадиум се наоѓа болеста, на лицето на пациентот може да има едно или повеќе симптоми на кожата. По консултација со дерматолог лекувањето и третманот ќе бидат различни за секој пациент иако се работи за иста дијагноза. Фактички е потребен индивидуален третман.
Како се манифестира болеста
Болеста се манифестира со нагло вцрвенување на лицето кое брзо поминува и чувство на топлина. Ова епизодно вцрвенување се повторува и ваквата сосотојба може да трае со години. После одреден подолг период оваа состојба почнува да го вознемирува пациентот. Со тек на време може да се појават и мозолчиња на лицето, гнојарници, оток и проширени крвни садови, со што состојбата станува се по драматична.
Каде се локализира
Промените се појавуваат во предел на лицето и тоа: образи, нос, чело, брада, на очните капаци, и ушните школки. Додека кај мажите се јавува во предел на носот при подолг временски период како потешка форма (Rinofima). Taka што носот станува ирегуларно задебелен, се деформира со отечени испакнатини со гној. Промените може да траат со денови, недели, месеци дури и години ако не ги третираме.
Розацеата е поделена нa четири сатдиуми:
1. Црвенило (транзиторен и траен еритем) и проширени крвни садови
2. Папули пустули и телеангиектазии
3. Папули, пустули и оток (густа и нерамна кожа)
4. Четвртиот стадиум -Ринофима (зголемен нос)
Главната причина за појава не се знае, меѓутоа може да биде провоцирана или стимулирана од многу фактори: сонце, топлина, емоционален стрес, алкохол, храна, исто така може причината да биде и од инфективен агенс како Demodex и Heliobacter pylori. Избегнување на предизвикувачите може да помогне да се справите со розацеа така што сотојбата ќе ја држите под контрола.
Третманот и лекувањето кај сите пациенти не може да биде еднаков. Зависи во кои стадиум или кој тип на розацеа што ја имате , колку се сериозни вашите симптоми и колку долго ги имате. Дури и ако вашата кожа се смири, пак може да се враќаат симптомите.
Терапијата во зависност во кој стадиум се наоѓа, може да биде: локална терапијa (крем гел или емолиенти) , или локална комбинирина со орална терапија (антибиотици), и хируршки (при случај со ринофима) и при телеагиектази употреба на ласери.
Негата и грижата за розацеа треба да биде континуирана во секојдневниот живот, се разбира во консултација со вашиот дерматолог.
Избегнувајте ги ризик факторите!
• Бидете внимателни со екстремните ладни температури кои можаат да ја влошат сосотојбата, додека топлото време и греењето може да предизвикуваат бранови.
• Бидете внимателни со исхраната, алкохолот и стресот.
• Заштитете ја кожата од сонцете и од штетните УВ зраци со секојдневно нанесување на крема со заштитен фактор (SPF+).
• Употреба на емолиентни креми за хидратација која е неопходна и која редовно ќе го нанесувате, со консултација со вашиот дерматолог.
Розацеа се лекува, меѓутоа не постои дефинитивен лек. Целта е да се држи под контрола, спречувајќи да не влијае на секојдневниот живот, која што негативно делува на нашето социо-психолошко здравје.
Точната диагноза ќе ни даде ефективен третман без разлика во кои стадиум се наоѓа болеста! Иако розацеа можеби е доживотна состојба, консултирајќи се со вашиот дерматолог со неговите препораки , и со правилен пристап може ефикасно да се управува, за да имате убава и здрава кожа на лицето.