Среќна Нова година скопски стритери, напиша познатиот скопски активист Никола Писарев денеска на Фејсбук во објава со фотографии од весели куќички за кучиња. Единаесетте куќички, кои ги подготвија активистите од групата Урбани уметнички/герила акции, која која што работи во состав на Центарот за современи уметности, ги распоредуваат низ скопските маала.
-Годинава решивме да направиме куќички за кучињата, новогодишен подарок за нив. Знаете дека правиме акции пред секој дочек на новата година. Ги распоредуваме на различни локации низ градот. Скопје може да биде и убав град – вели Писарев. Н.Б.З.