Конгресот на САД ќе ги смени своите интерни правила по иницијатива на една муслиманка, која е избрана за конгресменка, со цел да се дозволи носење хиџаб во зградата.
Илхан Омар, поранешна сомалиска бегалка, беше избрана за член на Претставничкиот дом од Демократската партија. Таа е вклучена во менувањето на правилата на Конгресот, кој 181 година забрануваа главата на луѓето да е покриена со нешто кога се во зградата.
Сега се планираат исклучоци од религиозни причини. Тука спаѓаат исламската марама, еврејска кипа и индиски турбан.
Претставничкиот дом, во кој сега мнозинство имаат демократите, промената би требало да ја одобри во јануари.
Во меѓувреме, Илхан Омар најави дека ќе смени уште неколку забрани.