Медицински совет
Чувството на печење и чешање во очите се дефинира како суво око, кое може да биде предизвикано од различни нешта, особено ако ви недостига важна хранлива состојка.
Тоа е многу честа појава и се случува кога солзните жлезди не произведуваат доволно за да ги одржуваат вашите очи влажни, според Националниот институт за очи на САД.
Ако сте искусиле фрустрирачки симптоми на оваа состојба, можеби ќе сакате да обрнете внимание на вашата исхрана, бидејќи одредени видови храна може да помогнат во олеснување на сувото око. Всушност, постои една специфична хранлива материја поврзана со одржување на подмачкувањето на очите, а тоа се масните киселини омега-3.
Омега-3 се еден вид полинезаситени масти, кои се поврзани со многу здравствени придобивки, вклучувајќи и борба против воспалението и поддршка на здравјето на мозокот. Некои истражувања исто така покажуваат дека оваа хранлива состојка може да помогне да се спречи суво око и да го задржи вашиот вид во врвна форма.
Значајна студија од 2005 година, објавена во „Американ џрнал оф клиникал нутришн“, покажа дека од 32.000 набљудувани луѓе, оние што јаделе најмногу омега-3 од рибата имале 17 отсто помал ризик од суво око во споредба со оние што ја јаделе најмалку оваа хранлива материја.
Исто така, една студија од 2014 година објавена во „Медикал сајенс монитор“ покажа дека омега-3 мастите помагаат во лачењето на солзите и стабилноста на солзењето, два фактора што играат важна улога во тоа колку вашите очи остануваат влажни.
– Се чини дека омега-3 го намалува воспалението на очните капаци или на површината на окото, поради што се верува дека хранливата состојка помага во ублажување на симптомите на болеста на суво око – вели Лук Ребенич, овластен офталмолог и клинички портпарол на Американската академија за офталмологија (ААО).