Четиринаесет израелски заложници и тројца странски државјани се предадени денеска на Црвениот крст во Појасот Газа, соопшти израелската армија.
-Врз основа на информациите добиени од Црвениот крст, 14 израелски заложници и тројца странски заложници се префрлени во Црвениот крст – се вели во соопштението на третиот ден од договорената пауза во борбите меѓу Израел и Хамас.
Според договор, и Израел денеска треба да ослободи Палестинци од затвори.