Ѓорческа експресно се пласира во полуфиналето

ТЕНИС – ТУРНИР ВО ГРЦИЈА

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа експресно се пласира во полуфиналето на турнирот во Грција (се игра на земјена подлога, за вкупен награден фонд 40.000 долари), откако во четврт-финалето ја победи Кристина Дину од Романија со 6-1, 6-0, за еден час и четири минути игра. Според статистиката објавена на интернет-страницата на Интернационалната тениска федерација (ИТФ), на дуелот од полуфиналето Ѓорческа, која е трета носителка на турнирот, имаше четири аса, 81 отсто освоени поени на прв сервис… Ѓорческа игра за нова титула во 2023 година, по триумфот неодамна на турнир во Србија.

Н.М.