Фото: М.Т

Вчеравечер во центарот на Скопје беше отворена првата македонска галерија на кристали, минерали, фосили и скапоцени камења од целиот свет, која го доби името „Откритие“.

Основачи на невладината асоцијација со истото име се: Илија Петковски, магистер по науки за планетата и универзумот од Сорбона, Париз, Деан Шкартов, промотор на македонскиот рубин со преку 30 годишно искуство во Италија и Македонија, како и Методија Најдоски професор по хемија на ПМФ, Скопје.

Фото: М.Т

Најпрво, до сите присутни на отворањето Деан се обрати објаснувајќи како всушност оваа негова дамнешна желба се реализирала на најубав начин, со што еден негов дамнешен сон полека се претвора во реалност. На својот шармантен начин тој ни ги претстави изложените експонати, и за секој имаше мала приказна.

Фото: М.Т

Според Шкартов, целта на отворањето на оваа поставка е запознавање, подигнување на интересот и заштита на природните богатства како и промоција на македонскиот рубин како светско уникатно наследство.

Фото: М.Т
Фото: М.Т
Фото: М.Т
Фото: М.Т

На отворањето присуствуваше и ги поздрави присутните Грегоар Егороф од Музејот за Минерали од Париз, како и заменичката на францускиот амбасадор во Македонија.

Фото: М.Т

Инаку, збирката изложена во „ Откритие“ е посебна и уникатна по многуте ретки примероци и ја става Македонија на мапата на светските природни реткости.

М.Т