Вечерва во Уметничката галерија од Центарот за култура во Кичево, беше отворена изложба на фотографии на Ана Аврамоска- Сиљаноска насловена „Ти“.

На изложбата беа претставени над 20 фотографии на кои најмногу до израз доаѓа визуелниот ефект и наративите на авторката. Аврамоска е родена пред 29 години во Кичево, зад себе има неколку групни и три самостојни изложби на уметнички фотографии во земјава и странство и бројни мултидисциплинарни соработки со уметници од повеќе земји.

– Оваа изложба ја сочинуваат фотографии создадени во два периода и тоа дел фотографии со постар датум и поголемиот дел фотографии создадени во поново време. Самиот наслов на изложбата зборува дека преку истата се самоосознаваме, а главна личност и лајт мотив во сите мои дела е жената – истакна авторката Аврамоска- Сиљаноска.

И покрај студеното време, сепак добрата посета на вечерашната изложба е најдобра потврда дека граѓаните на Кичево чуствуваат потреба од поголем број културни случувања во градот. Изложбата ќе биде отворена во наредните седум дена.

З.А.