Во Њујорк денеска е прогласена вонредна состојба, кога голем дел од областа беше поплавена поради невремето, јавува „Би-Би-Си“.
Метростаниците се затворени, а дел од патиштата се под вода. Затворен е и еден терминал на аеродромот Ла Гвардија.
За ситуацијата зборуваше и гувернерката на Њујорк, Кети Хочул.
– Оваа бура е опасна по живот. Прогласувам вонредна состојба во Њујорк, Лонг Ајленд и долината Хадсон. Сметајте на ова во следните 20 часа – рече таа и ги повика луѓето да останат безбедни.
Властите издадоа предупредување за поплави во Менхетн, Бруклин и Квинс.