Фејсбук најмил ПР фирма што се обиде да ги дискредитира критичарите кои ги обвиниле дека се поврзани со милијардерот Џорџ Сорос – пренесува Њујорк Тајмс.
Американскиот весник објави дека директорите на компанијата Фејсбук не успевааат да се справат со многубројните и тешки обвиненија против нив.
Рашад Робинсон, директор на „Боја на промените“, една од компаниите што била мета во ПР кампањата, ги нарекува анти-семитскита обвинувања скандалозни и загрижувачки.
Според Њујорк Тајмс, тактиката на Фејсбук била да објавува десетици негативни статуси за други технолошки копмании како Гугл и Епл, со цел да се одвлече вниманието од проблемите за односот со јавноста кои ги имаат Фејсбук.
Њујорк Тајмс откриваат дека друга тактика била да се посочува Сорос како движечка сила која е зад групите кои го критикуваат Фејсбук. Откриен е документ кој го поврзува Сорос со големо анти-фејсбук движење и ги повикува новинарите да ја истражуваат финансиската поврзаност помеѓу Сорос и интернет страниците како „Фридом од Фејсбук“ и „Колор оф Чеинџ“.
Фејсбук и покрај барањата, немаа коментар.
– Интернет монополите ја немаат ни волјата ни склоноста да го бранат општеството од последиците кои ги предизвикуваат нивните дела – рече Сорос во говор на Светскиот економски форум кој се одржа овој јануари во Давос.