ТЕНИС – ДЕЈВИС-КУП

Дебитантот Финска во четврт-финалето

Актуелниот првак Канада, потоа ланскиот финалист Австралија, како и Србија, Чешка, Финска, Холандија, Италија и Велика Британија се пласираа во четврт-финалето на 111-то издание на тенискиот Дејвис-куп, по одигрувањето на групната фаза во Сплит (Хрватска), Валенсија (Шпанија), Болоња (Италија) и во Манчестер (Велика Британија). Денеска ќе биде влечена ждрепката за финалниот турнир што треба да се игра во Малага (Шпанија), во ноември. Од ланските четвртфиналисти, и сега меѓу најдобрите осум репрезентации се и Италија и Холандија.


ВЕЛОСИПЕДИЗАМ

Првпат тркачи од еден тим победија на сите грантур-трки во една година

Сеп Кус победи на велосипедската трка Вуелта во Шпанија и е првиот Американец што победил на грантур-трка (уште и Џиро д`Италија и Тур де Франс) по триумфот на Крис Хорнер на истата трка пред 10 години, пишува „Би-би-си“. Победникот на годинашниот Тур де Франс, Данецот Јонас Винегард, е на второто место, а трет е победникот на Џиро д’Италија, Словенецот Примож Роглич. Сите тројца се членови на холандскиот тим Јумбо Висма и првпат се случува велосипедисти од еден тим да победат на сите три грантур-трки во една година, пишува „Би-би-си“.