Фото: Принтскрин

Кога станува збор за ваков исклучително важен закон кој е столб во правниот систем на државата, сметаме дека начинот на донесување на измените и дополнувањата на истиот не овозможија јавна дебата, не овозможија анализа на последиците од истиот и сето тоа за нас создава сомнеж и висок ризик од политички пазарења и трговија со влијанија, изјави претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска.

Во изјава за медиуми по приемот во Собранието по повод 8 Септември – Денот на независноста, Ивановска истакна дека намалувањето на казните за одредени членови не придонесува кон зајакнувањето на борбата против корупција.

– Ние искоментиравме дека намалувањето на казните во делот 353, 353-в и 359 за злосторничко здружување не придонесува кон зајакнување на борбата кон корупцијата, туку, напротив, таа и понатаму останува декларативна – рече Ивановска.

Таа информираше дека Министерството за правда до ДКСК доставило барање за мислење да се произнесат по нацрт-верзија на Кривичниот законик со рок до 20 септември.

-Ова е сега нешто ново. Преку ноќ со молскавична брзина на донесување сметаме дека не е во ред тоа да ни се случува – потенцира Ивановска.

Собранието вчера ги донесе измените и дополнувањата на Кривичниот законик со кој се предвидува намалување на казните за функционери.