Ведран Андонов е првиот шампион на Македонија во „Катан“ откако заврши на врвот меѓу 62 играчи на Државното првенство кое се одржа на 20 август во „Паблик рум“.
Тој доби авионски билет и право да ја претставува Македонија на претстојното Европско првенство во Копнехаген (27-29 октомври).