Фото: Принтскрин/Илустрација

Во невреме што денеска го зафати Загреб, загинати се двајца мажи, а повеќе луѓе се повредени, изјави Љупка Хитрова од Институтот за обука на Итна медицинска помош на Градот Загреб.

Силно невреме пропратено со дожд и бурен ветер го зафати Загреб околу 16 часот.

-Двајца мажи загинаа како последица на паѓање на дрвја. Имаа повеќе повреди на главата – рече Хитрова.

Таа додаде дека во целиот град има голем број повредени, од кои некои тешко.

Поради невремето итната помош примила над 700 повици, меѓу кои и неколку пријави за повредени, а само пожарникарите имале 50 интервенции.

Во западниот дел на Загреб, голем градежен кран се урна под налетот на ураганските ветрови.