Францускиот парламент усвои закон со кој малолетниците под 15 години се обврзуваат да добијат согласност од родителите за користење на платформите на социјалните мрежи, пренесе „Анадолија“.
Предлог-законот беше едногласно усвоен во Сенатот.
Според законот, платформите на социјалнните мрежи ќе треба да користат систем за проверка на возраста на корисниците и дали малолетниците имаат родителска дозвола.
Платформите кои нема да бидат во склад со правилата ќе бидат казнети, до еден процент, од нивниот глобален приход.
Родителите ќе можат да побараат од платформите да ги затворат профилите на нивните деца на социјалните мрежи.
Законот ќе стапи на сила по објавувањето во „Службен весник“ на Франција.