И покрај тоа што Русија ја нарекува агресор, Украина зема пари за транзит на енергетски производи од Русија, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
-Два крака од гасоводот минуваат низ Украина: Киев затвори еден од нив. Ние не го направивме тоа. Патем, ние доставуваме гас во Европа преку другиот крак, а Украина, и покрај тоа што не нарекува агресор, мирно зема пари за транзит- рече рускиот лидер, нагласувајќи дека Русија целосно ги исполнува сите свои обврски.
Тој истакна дека цените на енергенсите во Европа се приближуваат кон економски оправдано и праша што ја предизвика економската криза.
-Кој е виновен за тоа што се случи? Тие го разнесоа Северен тек 1. Не го ставија во употреба Северен тек 2, Варшава ја затвори гасната рута Јамал-Европа низ Полска. Дали ние ја затворивме? – праша Путин на Евроазискиот економски Форум во Москва.
Како што додаде тој, Западот си пука во нога со тоа што ја спречува ЕУ да ги добива руските енергетски резерви.