Фото: ЕПА

Русија ја подига борбената готовност во своите бази во Киргистан и Таџикистан, најави денеска во Њу Делхи рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу. – Одлуката е донесена во контекст на обидите на САД и нивните сојузници да го обноват своето воено присуство во Централна Азија

На денешната средба на министрите за одбрана на земјите-членки на Шангајската организација за соработка (ШОС), Шојгу оцени дека Западот сериозно ја еродирал светската безбедносна архитектура во обид да ја одржи глобалната доминација.

– Сега Вашингтон и неговите помошници спроведуваат стратешки план да ги испровоцираат другите земји во воена конфронтација со Русија и Кина. САД најактивно се противат на формирањето на мултиполарен свет во азиско-пацифичкиот регион, каде што се создава фронт за да се ограничи Кина, пренесува Скај Њуз.

– САД се обидуваат да го вратат своето воено присуство во Централна Азија под изговор дека помагаат во борбата против тероризмот – ова е директна закана за стабилноста на ШОС, оцени рускиот министер.

Тој рече дека воениот потенцијал и способноста на речиси сите земји од НАТО се искористени против Русија во Украина. – Вистинската цел на Западот во конфликтот во Украина е да и нанесе стратешки пораз на Русија, да создаде закана за Кина и да ја зачува својата монополска позиција во светот“.