Инспектори излегоа на терен откако Општина Центар беше информирана дека на Водно повторно има градежни активности по пријави на граѓани. По извршениот увид, составен е записник и постапувајќи по Законот за заштита на урбано зеленило, поведена е постапка за санкционирање на фирмата која што копала.
– Како што веќе изјавив, на овој потег додека сум јас градоначалник нема да дозволам градба, а пристапен пат не е предвиден и нема да се гради од причини кои повеќе пати ги образложивме во јавноста. Според информациите, инвеститорот започнал активности за ископ очигледно со цел да ја задржи правосилноста на дозволата за градба, која доколку не започне градежни активности во предвидениот рок по закон ја губи. Но, тоа е сѐ што може да направи, бидејќи градба не може да има доколку нема пристапен пат, за кој, како што веќе во повеќе наврати потврдив, општината нема да го гради – истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.