На авионот на индонезиската компанија „Лајон ер“(Lion air), кој минатата недела се урна во Јаванското Море, му бил заменет важен сензор само еден ден пред несреќата, соопшти индонезискиот Национален комитет за безбедност на сообраќајот.
Во соопштението се наведува дека сензорот е предмет на безбедносниот извештај на компанијата „Боинг“, која го произвела леталото, а која на авиокомпаниите им бил доставен во вторникот, пренесува АП.
Авионот на „Лајон ер“ со 189 патници и членови на екипажот се урна на 29 октомври 13 минути по полетувањето. Никој не ја преживеа несреќата.