Здрава храна
Појадокот им помага на срцето, коските, метаболизмот, а важно е да знаете кои намирници е добро да ги консумирате наутро. Претставуваме четири намирници за здрав и хранлив појадок.
Експертите секогаш ќе ви кажат дека омилен оброк им е појадокот, бидејќи кога јадете наутро, тоа ви дава ментална и физичка енергија. Нутриционистот Френсис Ларгеман-Рот откри листа на намирници што се идеални за појадок.
Овес: Овесот можете да го користите како брашно, но и во овесната каша. Без разлика на начинот на подготовка, овесот е одличен за вашето срце. Растворливите влакна што содржат бета-глукан имаат способност природно да го намалат нивото на холестерол. Исто така, овесот ќе ви даде чувство на ситост.
Зелен кашест сок: Зелениот кашест сок се состои од овошје, зеленчук и билки и е полн со витамини од групата Б. Идеално е да го започнете денот на здрав начин.
Јајца: Јајцата прават брз и хранлив појадок во која било форма. Според Ларгеман-Рот, јајцата се еден од ретките извори на витамин Д. Тој е од суштинско значење за правилно функционирање на имунолошкиот систем, особено затоа што повеќето од нас имаат недостиг од витамин Д.
Тост: Тостот од пченично брашно со путер од овошје и јаткасти плодови ќе ви даде енергија и ќе ве направи сити. Тостот со пченично брашно прави да се чувствувате посити затоа што му треба подолго време за да се вари од обичниот бел леб.