Поради недостиг на медицински сестри на одделението за интензивна нега во Нова детска болница во Хелсинки, се предлага децата на операција да се испратат во Данска или во Шведска, објави „Еурактив“.
Родителите треба да ја одобрат одлуката за префрлање на пациентите од финската болница во Копенхаген или во Гетеборг.
За операција во Нова детска болница сега чекаат околу 85 пациенти, додека минатата година нивниот број изнесувал 117.
Финските власти презедоа мерки за подобрување на ситуацијата, а една од мерките е и зголемување на буџетот за обука на медицинските сестри на интензивна нега за оваа и следната година. За таа намена предвидени се еден милион евра.