Александар Чеферин по третпат е избран за претседател на УЕФА. Гласањето се одржа денес на 47. конгрес на организацијата во Лисабон, Португалија.
Кандидатурата на Чеферин беше единствената ставена на изборите. Педесет и петгодишниот Словенец ќе ја извршува функцијата уште четири години.
Чеферин е седмиот претседател во историјата на УЕФА. Тој ја презеде функцијата во септември 2016 година и беше реизбран во февруари 2019 година.