Војната на Русија против Украина ги однесе животите на 262 украински спортисти и уништи 363 спортски објекти – изјави министерот за спорт на земјата, Вадим Хутсаит, пренесе Ројтерс.
Повоената интервенција на Русија на Украина во февруари 2022 година, голем број на украински спортисти доброволно земаа оружје за да ја бранат својата земја. Меѓу загинатите само оваа година се лизгачот Дмитро Шарпар, кој загина во битките кај Бахмут и Володимир Андрошук, 22-годишен шампион во десетобој.
На средбата со претседателот на Меѓународната гимнастичка федерација, Моринари Ватанабе, Хутсаит рече дека ниту еден спортист од Русија не треба да се натпреварува на Олимпијадата или на други спортски натпревари.
– Сите тие ја поддржуваат оваа војна и присуствуваат на настани што се одржуваат за поддршка на инвазијата – рече Хутсаит.
Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) препорача постепено враќање на руските и белоруските спортисти на меѓународните натпреварувања како неутрални, но се уште не одлучил за нивното учество на Олимписките игри во Париз во 2024 година.
Украина во петокот соопшти дека на нејзините спортисти нема да им биде дозволено да настапат на Игрите во 2024 година доколку мораат да се натпреваруваат против Русите, одлука што ја критикуваше ИОК.