Поддржувачите на вонпарламентарната Социјалдемократска партија фрлаа чадни бомби околу зградата на Владата во Приштина, незадоволни од договорот со Србија за кој беше постигната согласност на средбата во Охрид одржана минатата недела, а со кој е предвидено формирање на Заедница на српски општини.
Неколку стотици симпатизери на оваа партија, формирани од незадоволните функционери на движењето Самоопределување на премиерот Албин Курти, прво организираа протестна прошетка покрај централното шеталиште во Приштина, за да се соберат околу зградата на Владата, објави РТС.
Барајќи оставка од премиерот Курти, тие ги тргнаа сино-жолтите знамиња со територијата на Косово од јарболот на влезот во владината зграда, а на нивно место закачија бели знамиња, покажувајќи дека, според нив, Курти се предал кога стигнал договор во Охрид.
Полицијата го обезбедуваше влезот на владината зграда. За време на протестот немаше други инциденти.
Иако се против Охридскиот договор, и покрај поканата за приклучување, опозициските партии и нивните активисти не присуствуваа на протестот.