Србите во Виена вечерва одржаа митинг по повод 24-годишнината од почетокот на НАТО бомбардирањето на СР Југославија.
На собирот имало свештеници, како и српскиот амбасадор Небојша Родиќ.
Тие се собрале во центарот на австриската престолнина на Штефанплац во близина на катедралата.
Зборовите „Никогаш не заборавајте“ биле напишани на транспарентите што ги изработиле.
Централната манифестација на Денот на сеќавање на жртвите од бомбардирањето на НАТО во 1999 година се одржува вечерва на плоштадот Свети Ѓорѓи во Сомбор.
Агресијата на НАТО започна на 24 март 1999 година и траеше 78 дена.
Според податоците на Министерството за одбрана на Србија, во воздушната агресија на НАТО загинале 2.500 цивили, меѓу кои 89 деца и 1.031 припадник на армијата и полицијата.
Според истиот извор, ранети се околу 6.000 цивили, од кои 2.700 се деца, како и 5.173 војници и полицајци, а 25 лица се водат како исчезнати,пренесе Телеграф.рс.