Војувањето гради в гради се засилува во украински Бахмут, сугерираат последните извештаи на британското разунавање, додавајќи дека ваквата ситуација веројатно се должи на недостигот на муниција кај Русите, пренесува „Гардијан“.
Во извештајот се наведува дека руските сили опремени со огнено оружје и лопати добиле наредба да го нападнат упориштето на Украинците. Се потенцираат бруталните борби без софистицирана технологија, што се карактеристични за тековната војна.
Рускиот стисок врз Бахмут ја принуди Украина да ја преиспита стратегијата
Руските и украинските сили водат улични борби и градот не е под руска контрола, тврди заменик-градоначалникот на Бахмут, Олександр Марченко во изјава за „Би-би-си“, додавајќи дека во засолништата останале четири илјади цивили без пристап до греење, електрична енергија и вода.
Тој вели и дека ниту една зграда не останала недопрена, како и дека градот е речиси целосно уништен. „Гардијан“ го опишува Бахмут како „пекол на Земјата“ по седуммесечните борби.