Собранието во рамки на попладневниот дел од денешното продолжение на 104-тата седница ги избра Тирон Јајага за заменик-министер за одбрана, Викторија Аврамовска Мадиќ за заменик-министер за правда, Вјолца Бериша за заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Маја Манолева за заменик-министер за здравство и Агим Нухиу за заменик-министер за образование и наука.
Сите заменици министри беа избрани едногласно, но за Тирон Јајага гласаа 64 пратеници, а за останатите заменици по 65 пратеници.
Со тоа беше исцрпен дневниот ред на 104-тата седница за реконструкција на Владата која започна пред три недели.
Новите министри во Владата на Ковачевски, Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација и Каја Шукова за животна средина и просторно планирање беа избрани во понеделникот пред полноќ.