Фото: Зран Антоски

Екипи на ЈКП „Комуналец“ Кичево започнаа со поставување на хоризонтална сигнализација на сите сообраќајници во градот. Најпрво хоризонтална сигнализација ќе добијат улиците кои беа асфалтирани кон крајот на минатата и почетокот на оваа календарска година, а потоа и сите останати сообраќајници во градот – потврди директорот на комуналното претпријатие Зендел Јонузи.

– Од вчера започнавме со поставување на хоризонтална сигнализација на сите сообраќајници во градот. Најпрво хоризонтална сигнализација ќе биде поставена на улиците кои кон крајот на минатата и почетокот на оваа година добија нов слој на асфалт. Поставувањето на хоризонтална сигнализација на ново изградените улици оди нешто поспоро, од причина што тежнееме да биде што прецизно изведено, бидејќи ќе послужи и за идните одбележувања. Дополнително потрошувачката на боја при ова одбележување е многу поголема, бидејќи асфалтот е абразивен и мора да се потрошат поголеми количества боја за да може оваа сигнализација да биде видлива и потрае подолг период-истакна директорот Јонузи и најави дека секој нареден работен ден во кој нема врнежи од дожд или снег, ќе биде искоритен за поставување на хоризонтална сигнализација на преостанатите улици од градот.

– Наша интенција е секој ден без врнежи да го искористиме за поставување на хоризонтална сигнализација на преостанатите сообраќајници во градот. Ако временските услови го дозволат тоа, планираме во наредните две до три седмици целосно да ја завршиме оваа операција, за поголема безбедност како на пешачите така и на возачите учесници во сообраќајот – додаде директорот на комуналното претпријатие.

З.А