Како што рече, единствениот начин да се прекине магичниот круг на ескалација на воените тензии во областа на Корејскиот Полуостров е да се преземат јасни и ефективни мерки и Вашингтон да се откаже од ветувањето дека ќе распореди стратешко оружје во Јужна Кореја и да стави крај на сите заеднички воени вежби против Северна Кореја.
– Секое продолжување на непријателските и провокативни потези против Пјонгјанг, и покрај протестите и предупредувањата на Пекинг, може да се смета за објава на војна против Северна Кореја – истакна кинескиот политичар.
Квон исто така се закани со контрамерки против Советот за безбедност на Обединетите нации доколку тоа меѓународно тело продолжи да применува инструменти за притисок и наместо да ја осудува Америка, продолжи да го осудува правото на Северна Кореја на самоодбрана – пренесе „Новости.рс“.