Европскиот центар за снимање земјотреси (EMSC) наведува дека регистрирана е нова серија земјотреси во близина на турскиот град Кахраманмарас.
Во 13.10 часот регистриран е земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала, на 15 километри јужно од градот, додека 40-тина минути претходно регистриран е посилен удар од 4,7 степени според Рихтеровата скала, со епицентар 66 километри северозападно од градот.
Оваа област непрекинато се тресе изминативе неколку дена.
Во разорните земјотреси што го погодија југот на Турција и северозападниот дел на Сирија, според досегашните податоци, загинале над 24.000 луѓе.
Најмалку 20.665 луѓе загинаа во Турција, а 80.088 се спасени по двата силни земјотреси што во понеделникот го потресоа јужниот дел на земјата.
Повеќе од 3.300 луѓе загинаа во Сирија, додека повеќе од 5.000 луѓе се повредени по серијата земјотреси.