Во просториите на општина Македонски Брод денес беше потпишан меморандум за соработка со здружението „Локал Акт“. Меморандумот го потпишаа градоначалникот на општина Македонски Брод, Жарко Ристески и претседателката на ова локално здружение, Магдалена Здравеска.
– Меморандумот се потпишува со цел воспоставување на заедничка соработка во насока на унапредување на развојот на локалната заедница преку взаемна размена на информации, имплементација на заеднички проекти, развивање на стратешки документи и креирање на политики, заедничко идентификување на локалните проблеми и пристап кон нивно заедничко решавање. Со потпишувањето на овој меморандум локалната самоуправа Македонски Брод покажува дека е вистински партнер и пријател на граѓанскиот сектор. Се надеваме на плодна,долгорочна и успешна соработка – нагласи претседателката на Здружението „Локал Акт“, Магдалена Здравеска. З.А.