Биткоинот повторно го засили темпото, надминувајќи ја границата од 20.000 долари за првпат од ноември. Најпопуларната и најголема криптовалута во светот по пазарна капитализација вчера забележа раст од 0,7 отсто на 20.817,37 долари според сајтот специјализиран за вредностите на криптовалутите „Коинмаркеткап“.
Пазарната капитализација на биткоинот се зголеми за над 0,63 отсто на 40.101.586.225 долари во последните 24 часа. Неочекуваните добивки во услови на константно негативно расположение на крипто-пазарите покренаа прашања.
Биткоинот имаше тешка 2022 година. Рецесијата и кризата на доверба во криптовалутите ги принудија трговците да продаваат биткоин и да инвестираат во постабилен имот.
Во текот на изминатата година, биткоинот падна за 57,53 отсто. Колапсот на „Еф-ти-екс“, една од најголемите платформи за тргување со криптовалути, и апсењето на нејзиниот извршен директор Сем Банкмен-Фрид влијаеше на некои аналитичари да предвидат пад на биткоинот.
Сепак, аналитичарите кои го предвидуваат неговиот пад се чини дека немаат долга меморија бидејќи криптовалутата веќе еднаш надмина ваков тип на криза.
Во 2014 година, „Ем-ти Гокс“ беше најголемата платформа за крипто-тргување, обработувајќи 70 отсто од сите трансакции со биткоин. До крајот на февруари 2014 година, „Гокс“ поднесе барање за стечај поради наводите за измама. Тоа не го спречи биткоинот да се врати.