Во Офицерскиот дом во Битола синоќа се одржа божиќен концерт, како дел од чествувањето на божиќните празници.
На концертот присуствуваа неговото високо правосвештенство Митрополитот Преспанско – Пелагониски и администратор Австралиско-Новозеландски г. Петар, градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, како и голем број граѓани, кои имаа можност да уживаат во звуците на црковната музика.
На концертот, настапија детскиот хор „Свети Стилијан“ од Битола, машкиот хор „Свети Нектариј Битолски“ и хорот „Свети Ахил Преспански“ од Ресен. М.М.