Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави по добиена порака на електронска адреса со закана за поставена експлозивна направа во Уставен суд и аеродромот во Скопје, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.
Од страна на полициските службеници веднаш се преземени соодветни мерки и извршени се детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.