Кина го повтори своето противење на потенцијалната американска продажба на оружје на Тајван, откако Вашингтон одобри продажба на противтенковски систем за поставување мини на островот. Според извештаите, потенцијалната продажба би била вредна речиси 180 милиони долари.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин го повика Вашингтон веднаш да ги прекине воените контакти со Тајван, пренесува ТАСС.
– Ја повикуваме американската страна да се придржува до принципот една Кина и одредбите од трите заеднички коминикеа од кинеско-американско потекло, да ја исполни обврската на нејзиниот претседател да не ја поддржува „независноста на Тајван“, да ја запре продажбата на оружје и воените контакти со Тајван и да престане да создава нови тензии во Тајванскиот теснец – изјави Ванг на прес-конференција.
Ванг предупреди дека Кина ќе преземе „силни мерки“ за да го одбрани својот суверенитет и безбедносните интереси.