Со оглед на тоа што високото образование е една од најважните продуктивни сили во општеството, сите сме свесни дека за да можеме да функционираме на повисоко ниво, здравствено и социјално, потребно е да произведеме и висококвалитетен кадар. За да имаме добри резултати на секое поле, мораме и да вложуваме постојано во него.
Потпишувањето на Колективниот договор на Синдикатот на УКИМ и Собранието на е многу значајно за нас, од причина што универзитетските професори досега се чувствуваа запоставено. Се надевам дека нивните барања на овој начин се исполнети и тие ќе бидат поттикнати и мотивирани да го дадат својот максимум во образовниот процес, порачува ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски.
-Новиот Колективен договор ќе придонесе кон подигање на стандардот на универзитетските професори и иако сме сè уште далеку од израмнување на нашите плати со оние во соседните држави, ова е еден голем чекор напред и ќе се стремиме кон тоа да се избориме за уште подобар стандард и подобри услови. Морам да напоменам дека секое зголемување на платите на универзитетските професори ќе има голем удел и во подобрувањето на идното рангирање на Универзитетот и во поглед на натамошни објавувања на трудови со импакт-фактор, кое сега не се случува многу често, токму поради недоволно финансиски средства. Му честитам на Синдикатот на УКИМ и се надевам дека во иднина ќе оствариме уште поголеми успеси – вели Јанкуловски.