Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) нема да го казни Жозе Мурињо по извештајот за средбата меѓу Манчестер Јунајтед и Њукасл. Мурињо беше снимен по крајот на средбата како зборува на португалски, гестикулира со прстите, а ФА го испита случајот.
– Обвинението против Жозе Мурињо за наводното користење на злонамерен и/или навредлив/или несоодветен јазик не се докажа по седницата на независната комисија. Писмените мотиви за одлуката на комисијата ќе бидат објавени навремено. Оваа одлука е предмет на жалба-се наведува во соопштението на ФА.
Оригиналното мислење на ФА од 16-ти октомври, пак, гласеше: „Има тврдења дека неговиот јазик на крајот на натпреварот на камерата, како е снимен, е навредлив или несоодветен “.
Мурињо пак беше вовлечен во уште еден инцидент од Премиер лигата неколку круга подоцна, кога Манчестер Јунајтед гостуваше кај Челзи (2:2). Ремито за „сините“ го донесе Рос Баркли со гол во дополнителното време, а едниот од асистентите на Маурицио Сари – Марко Јани, се израдува силно пред погледот на Португалецот. Тоа не му се допадна на тренерот на „црвените ѓаволи“ кој тргна физички и вербално да се пресмета со него.
За своите манифестации пак, Јани доби казна од шест илјади фунти.